Misplaced Pages

Draft:Љупчо Гугов

Article snapshot taken from Wikipedia with creative commons attribution-sharealike license. Give it a read and then ask your questions in the chat. We can research this topic together.
Submission declined on 23 November 2024 by KylieTastic (talk).The submission appears to be written in macedonian. This is the English language Misplaced Pages; we can only accept articles written in the English language. Please provide a high-quality English language translation of your submission. Otherwise, you may write it in the macedonian Misplaced Pages.
  • If you would like to continue working on the submission, click on the "Edit" tab at the top of the window.
  • If you have not resolved the issues listed above, your draft will be declined again and potentially deleted.
  • If you need extra help, please ask us a question at the AfC Help Desk or get live help from experienced editors.
  • Please do not remove reviewer comments or this notice until the submission is accepted.

Where to get help
  • If you need help editing or submitting your draft, please ask us a question at the AfC Help Desk or get live help from experienced editors. These venues are only for help with editing and the submission process, not to get reviews.
  • If you need feedback on your draft, or if the review is taking a lot of time, you can try asking for help on the talk page of a relevant WikiProject. Some WikiProjects are more active than others so a speedy reply is not guaranteed.
How to improve a draft

You can also browse Misplaced Pages:Featured articles and Misplaced Pages:Good articles to find examples of Misplaced Pages's best writing on topics similar to your proposed article.

Improving your odds of a speedy review

To improve your odds of a faster review, tag your draft with relevant WikiProject tags using the button below. This will let reviewers know a new draft has been submitted in their area of interest. For instance, if you wrote about a female astronomer, you would want to add the Biography, Astronomy, and Women scientists tags.

Add tags to your draft Editor resources Declined by KylieTastic 35 days ago. Last edited by KylieTastic 35 days ago. Reviewer: Inform author.
ResubmitPlease note that if the issues are not fixed, the draft will be declined again.
Biography of former footballer
This is a draft article. It is a work in progress open to editing by anyone. Please ensure core content policies are met before publishing it as a live Misplaced Pages article.

Find sources: Google (books · news · scholar · free images · WP refs· FENS · JSTOR · TWL
Easy tools: Citation bot (help) | Advanced: Fix bare URLs · Article logs · Draft logs.


Last edited by KylieTastic (talk | contribs) 35 days ago. (Update) Finished drafting? Submit for review or Publish now

Љупчо Гугов

Љупчо Гугов
Љупчо Гугов
Personal information
Full name Љупчо Гугов
Date of birth 12 октомври 1955
Date of death 22 ноември 2020
Position(s) Десно крило/центарфор
Senior career*
Years Team Apps (Gls)
1971-1977 Дојранско Езеро
1977-1981 Кожуф
1981 Вардарски
1981-1983 Кожуф
1983-1984 Дојранско Езеро
1984 Беласица
1984-1996 Дојранско Езеро
1996 Борец Фурка
Total (250+)
International career
1983 Аматерска репрезентација на Македонија 4
*Club domestic league appearances and goals

Љупчо Гугов (12 октомври 1955 - 22 ноември 2020) – поранешен македонски фудбалер. Има играно во Дојранско Езеро, Кожуф, Вардарски, Беласица, Борец Ф и во аматерската репрезентација на Македонија. Во својата богата фудбалска кариера играл на позиција десно крило и центарфор и постигнал над 250 гола.

Фудбалска кариера

Дојранско Езеро

Љупчо Гугов е роден на 12 октомври 1955 година, во Дојран. Уште од 10 годишна возраст, играјќи на меѓумаалски натпревари низ полјаните, бил забележан од тренерите на Дојранско Езеро. Бидејќи бил мошне брз и имал вродено осет за гол, со неполни 16 години почнал да настапува за првиот тим на Дојранско Езеро, кој тогаш се натпреварувал во Гевгелиската општинска лига.

Кожуф

Во 1977 година, Гугов ја прифаќа понудата на тогашниот претседател на Кожуф, Тихомир Крантов и преминува во екипата на Кожуф од Гевгелија, која тогаш игра во Македонската лига. Гугов брзо се вклопува и станува прв голгетер на екипата. Таму настапува 4 години.

Вардарски

Но, по 4 сезони минати во Кожуф, каде игра доста добро, Гугов не може да одолее на уште еден предизвик, односно да ја одбие понудата на богданската легенда, Томче Шимов и во 1981 година со тешко срце го напушта Кожуф и преминува во Вардарски, кој штотуку влегува во Македонската лига. Во Вардарски игра солидно, но сепак не успева да се склопи во нивната концепција и по само една полусезона го напушта клубот.

Кожуф

Се враќа во Кожуф, каде останува уште две години и речиси на секој натпревар се запишува во листата на стрелци. Игра многу дерби натпревари, но најдобар и најзначаен му е натпреварот против Работнички, кога на Градски во Скопје, постигнува гол во 89 минута за победа на неговиот тим. По овој меч доаѓа и неговото најголемо признание, покана од селекторот Илија Игњатовски да заигра во Македонската аматерска репрезентација, со која има одиграно 4 натпревари.

Дојранско Езеро

Во 1983 година, Дојранско Езеро за првпат влегува во меѓурегионалната лига (Втора Македонска лига) и Гугов се враќа во својот матичен клуб, каде почнал да ја учи фудбалската абецеда. Настапува заедно со Стојан Џинев, Попкочев, Благој и Томе Ѓоргиевски и останатите играчи на Дојранско Езеро, кои предводени од амбициозниот Никола Ѓелебешев, успеваат да го доведат клуб на само еден натпревар од Првата Македонска лига. Но за несреќа се поразени од Балкан од Скопје, со што пропаѓа шансата на златната генерација на Дојранските рибари да го достигне својот најголем фудбалски дострел.

И покрај тоа што Дојранско Езеро играл во Втората лига на Македонија, Гугов добивал понуди од повеќе квалитетни екипи и тоа : Пелистер од Битола, Победа од Прилеп, Брегалница од Штип, Вардар од Скопје, Партизан од Белград. Но, сепак најголема и најпримамлива била таа на сплитски Хајдук, со кој бил блиску до договор, но поради некои причини останала неискористена.

На 29 ноември 1983 година во Струмица е одигран прошталниот натпревар на Благој Истатов, кој се играл меѓу Беласица и Партизан. Играат повеќемина познати фудбалски имиња, како : Голац, Пауновиќ, Бјековиќ, Вуктоиќ, Јоциќ, Манце, Сребров, Дрвошанов, Вокри, а меѓу нив и Гугов.

Беласица

Зимата 1984, на покана на тренерот на Беласица, Благој Истатов, Гугов во замена на 5 играчи оди во Беласица, која во тој период игра во Втората лига на Југославија. Тој е во таа генерација која ќе остане запишана со златни букви во историјата на струмичкиот фудбал засекогаш.

Дојранско Езеро

Иако покажува квалитети и во Беласица, носталгијата кон Дојран го прави своето и по само шест месеци повторно се враќа во Дојранско Езеро. Таму игра уште петнаесетина години, а во еден период и повторно го враќа Дојран во Втората Македонска лига.

Борец Фурка

Пред да замине во фудбалска пензија, за чест на неговиот пријател, д-р Ристо Делев, прифаќа да игра и за Борец од Фурка, на кој помага да влезе во регионалната лига (Трета Македонска лига). Во еден период игра и како голман.

Фотографии

Гугов во Кожуф 1982 (4)
Гугов во Вардарски, стои прв од лево
Гугов во Беласица
Гугов во Дојранско Езеро 1985, стои трет од лево
Голгетер за пример
Дојранско Езеро-Куманово
Гугов како Милер
Хет трик на Гугов
Гугов во Аматерската репрезентација на Македонија
Два гола од корнер
Гугов во тимот на Беласица на прошталниот натпревар на Благој Истатов, клечи прв од десно
Пехари од меморијални турнири

  1. "Љупчо Гугов". Љупчо Гугов. 2024-11-23. Retrieved 2024-11-23.
Categories: